Мегафон
„Јас внимавам и безбедно возам“

Дејан Андоновиќ – портпарол на РСБСП: Сообраќајот се шири многу побрзо отколку свеста за безбедноста (ВИДЕО)

Дејан Андоновиќ – портпарол на РСБСП: Сообраќајот се шири многу побрзо отколку свеста за безбедноста (ВИДЕО)

Јавната свест за безбедноста во сообраќајот е на повисоко ниво, но сепак потребно е многу повеќе, порача портпаролот на Републички совет за безбедност во сообраќајот во сообраќајот на патиштата РСБСП, Дејан Андоновиќ, појаснувајќи дека сообраќајот се шири многу побрзо, отколку културата и свеста за последиците од невнимателноста.

– Јавната свест за безбедноста во сообраќајот е на повисоко ниво, но сепак потребно е многу повеќе, порача портпаролот на Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата РСБСП, Дејан Андоновиќ, појаснувајќи дека сообраќајот се шири многу побрзо, отколку културата и свеста за последиците од невнимателноста.

Во пресрет на дефилето насловено „Јас внимавам и безбедно возам“ кое ќе се одржува утре со почеток од 11 часот, Андоновиќ во изјава за МИА посочува дека намалениот број на жртви во сообраќајот алудира на тоа дека свеста е се поголема, но оценува дека тоа не е доволно.

-Свеста се подига, имаме намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи, но тоа не е доволно се разбира секој загубен живот е голема загуба за семејството и неговите најблиски така да, на вашето прашање колкава е сообраќајната култура, таа се подига, јавната свест е поголема, но тоа не е доволно, појаснува портпаролот на РСБСП. Додава дека интересот за учество се зголемува, што според него е добар показател, бидејќи ваквите настани ја нагласуваат потребата од почитување на сообраќајните знаци и правила.

-Се зголемува интересот, годинава најмалку 100 велосипеди и најмалку 30 мотори ќе учествуваат тоа е најмалку, тоа е појдовна точка, се разбира ќе ни се приклучат и останатите граѓани, бидејќи нема некакви закажувања, туку кој сака ете да искористам да испратам еден апел до граѓаните да дојдат, тие што се со велоиспеди кои сакаат да возат некоја од рутите, вели Андоновиќ. Информира дека РСБСП организира повеќе кампањи во текот на годината, а партнери на утрешната иницијатива се компанијата ОКТА, Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност од Скопје и Црвениот крст. Поддршка за настанот даваат и здруженијата на велосипедисти и мотоциклисти „Мото клуб Безбедност“, „Прв до врв“ и „Здружението за друмски и планински велосипедизам“.

-Правиме кампањи низ целата година во зависност од календарот на активностите значи имаме летна кампања, зимска кампања доаѓаат сега матурантите ќе имаме кампања за нив и нивните родители да не им ги даваат возилата, истакна тој. Дефилето ќе започне 11 часот со поаѓање на велосипедистите од велосипедската патека на кејот кај хотел Холидеј Ин и на мотоциклистите во 11:30 часот од фонтаната „Лотусов цвет“ во Градскиот парк . Двете групи ќе се сретнат на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“.

– Во 12 часот ќе биде централната своевидна прослава на дефилето таму ќе се обрати министерот за внатрешни работи и претседателот на Републичкиот совет  за безбедност во сообраќајот на патиштата. Крајната цел е заеднички да упатиме порака граѓаните да ги потсетиме да возат безбедно, да ги почитуваат правилата и прописите пропишаната сообраќајна сигнализација, но и да имаат сообраќајна култура, бидејќи кога сето ова ќе го имаме ќе имаме и нула жртви во сообраќајот, порачува Андоновиќ. На глобално ниво, сообраќајните несреќи се водечка причина за смрт кај младите луѓе и главна причина за смрт кај оние на возраст од 15 до 29 години. Како што е наведено на официјалниот сајт на Светската здравствена организација, приближно 1,3 милиони луѓе годишно умираат на патиштата во светот, а меѓу 20 и 50 милиони се здобиваат со нефатални повреди.  Извештајот за глобалниот статус за безбедноста на патиштата е широка проценка на состојбата со безбедноста на патиштата во 178 земји, а резултатите покажуваат дека повредите во сообраќајот на патиштата остануваат важен јавно здравствен проблем, особено за земјите со низок и среден приход.

– Пешаците, велосипедистите и мотоциклистите сочинуваат речиси половина од загинатите на патиштата, што ја нагласува потребата на овие учесници во сообраќајот да им се посвети поголемо внимание во програмите за безбедност на патиштата. Резултатите сугерираат дека во многу земји законите за безбедност на патиштата треба да се направат посеопфатни додека спроведувањето треба да се зајакне, се наведува во препораката од СЗО – изјави Андоновиќ.

Симона Србиноска

Фото: МИА

Видео: Аслан Вишко