Радио Милева
уморен од скандали

Дарко Лазиќ се ослободил од големиот порок, а сега проговори за долговите кои ги има (фото)

Дарко Лазиќ  се ослободил од големиот порок, а сега проговори за долговите кои ги има (фото)

Фолкерот Дарко Лазиќ реши да проговори за приказните за долговите кои наводно ги има.

– Луѓето нон-стоп сакаат да ми закачат проблеми и скандали на врат, а јас сум уморен да ги демантирам. Последна во низата беше онаа за долгови. Никогаш не сум земал пари однапред за тезга. А ако се случеше, како што велат, да ги земам парите однапред и да не се појавам, ќе ги вратам следниот ден. Секогаш добивам пари кога ќе заврши тезгата… – рекол Дарко Лазиќ, а потоа открил дека не можел ни да го смисли името на човекот кој му го загорчил животот.

– Имав здравствени проблеми кога не се појавив на настапот, а не знам кој е човекот што ме мести. Слободно пратете ми го , па ќе видиме што ќе се случи. Зад мене стои сериозна компанија, ние сме професионалци и не дозволуваме да се случуваат такви работи – додава поранешниот победник на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.

Инаку, тој неодамна откри дека се ослободил од големиот порок, кој долго време му правел проблеми.

– Што се однесува до коцкањето, јас веќе го немам тој порок. Порано знаев да преноќам во казино и да го прокоцкам станот! Зборувам за периодот кога бев многу помлад и кога бев навлечен – изјави Дарко. – Не морав да одам на професионална рехабилитација, но ми требаше долго време да сфатам дека тоа води во пропаст. Тешко е да се пресече наеднаш, мора да си карактер за тие работи. Можеш да изгубиш, па дури тогаш да сфатиш дека можеш да живееш без коцка – рече тогаш.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Д. Лазиќ/Рингер

Останати вести од Радио Милева