Радио Милева
ако веќе се пропаѓа, нека е барем раскошно...

Дарко Лазиќ иако е должен како „банка во стечај“, докажа дека е најголем фраер во село: За саканата подарок од 30.000 евра (ФОТО)

Дарко Лазиќ иако е должен како „банка во стечај“, докажа дека е најголем фраер во село: За саканата подарок од 30.000 евра (ФОТО)
Вереницата на Дарко Лазиќ неодамна го прослави својот 22-ри роденден во еден белградски ресторан. Заедно со Марина Гагиќ беа пејачот, како и неколку негови најблиски пријатели, од кои само некои знаеја какво изненадување и  подготвува Дарко на својата понежна половина!
А тоа ја чекаше во виид на паркиран подарок  пред куќата во Брестац. Џип чија цена е околу 30.000 евра!
„ Дарко резервираше ресторан во Белград и договори сè без нејзино знаење, па Марина немаше идеја што се случува во меѓувреме. Таа знаеше само дека сите ќе одат на ручек и дека тој ќе се погрижи за сè“ – изјави неименуван извор близок до пејачот и додаде:
„Главното изненадување се случи по нивното враќање во Брестац. Братот на Дарко, Драган, го паркираше новиот џип пред семејната куќа и штом излегоа од автомобилот, Дарко и ги предаде клучевите на Марина. Тој и го купи џипот неколку дена пред нејзиниот роденден“ – рече истиот извор.
Да потсетиме, Дарко неодамна призна дека должи многу пари, и дека се работи за милион и пол евра.
„Се’ уште не ги вратив долговите, тие се зголемија. Беше милион, сега се милион и половина. Но добро, штом почнам да работам, се’ ќе вратиме. Важно е главата да ми е на рамена“ – рече Дарко и додаде:
„Ако некои други можат да должат, зошто да не можам и јас? Иако еден и пол милион евра воопшто не е мала сума“ – рече Лазиќ.
Колку за споредба, на  бившата сопруга на дарко, Ана Севиќ,  нејзиниот вереник Даниел Недељковиќ и подарил автомобил вреден 70.000 евра, откако таа му ја роди ќерката Сена.

Останати вести од Радио Милева