Радио Милева

Даниел Кајмакоски со улогата на Сем Смит ја однесе победата во полуфиналето на „Твоето лице звучи познато“

Даниел Кајмакоски со улогата на Сем Смит ја однесе победата во полуфиналето на „Твоето лице звучи познато“
фото: фејсбук

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски во полуфиналето на „Твоето лице звучи“ познато ја имаше задачата да се најде во улога на Сем Смит.

„Мојот настап во полуфиналето е еден од  најтешките бидејќи станува збор за голем пејач и емотивна балада“ изјави Кајмакоски.

Со интерпретацијата на „Lay me down“, Кајмакоски успеа да ја разнежи публиката во студиото, но и публиката пред ТВ екраните.

Жирито имаше пофални зборови за македонскиот пејач и ја пофалија неговата изведба.

„Многу тешка песна. Господине уметник, чиста 10“ изјави Маринко кој беше гост член во жирито.

фото: принтскрин/прва.рс

„Сем Смит има 27 години и доби многу награди, доби Оскар за најоргинална музичка песна, и потоа ќе дојдеш ти, ќе го отпееш тоа, како за Холивуд“ изјави Урош.

И останатите членови имаа позитивни коментари за Кајмакоски истакнувајќи дека неговиот настап изгледал нежно.

фото: принтскрин/прва.рс

Даниел во улогата на Сем Смит ја однесе победата во полуфиналето на „ТЛЗП“, а парите од победа ги додели на Никола од Скопје.

По тој повод на својот „Фејсбук“ се огласи и Даниел кој им се заблагодари на оние кои гласале за него.

„ Верував во себе и во својот настап, но не ни помислив дека ќе победам во полуфиналето, затоа што сите настапи беа фантастични! Ова ми беше голем предизвик, Сем Смит е врвен пејач, а Lay Me Down тешка, емотивна балада. Им благодарам на гледачите кои гласаа за мене ❤❤❤ на жирито и на моите колеги! Најважно е што мојата победа барем малку ќе помогне во лекувањето на Никола Михаиловски (19) од Скопје. Паричната помош од 1000 евра од емисијата ,,Твоето лице звучи познато” ја наменивме за Никола, се надевам дека неговата младост ќе го победи канцерот.

фото: фејсбук

За потсетување, Даниел исто така победи во четвртата сезона на „Твоето лице звучи познато“, а во петата учестуваат кандидати што биле од претходните сезони.

Дали Даниел можеби повторно ќе однесе победата, останува да видиме.

Во продолжение погледнете го неговиот настап.

Останати вести од Радио Милева