Радио Милева
љубовта цвета...

Даниел Кајмакоски и сопругата Марина славеа годишнина од бракот: „Ти си најдобриот човек што го познавам“ (ФОТО)

Даниел Кајмакоски и сопругата Марина славеа годишнина од бракот: „Ти си најдобриот човек што го познавам“ (ФОТО)

На Даниел Кајмакоски дефинитивно му цветаат рози во приватниот живот. Додека неговата бивша жена Кристина Димитри „пуштена на најсилно“ брка кариера, пејачот  својот семеен  „Х – фактор“ се чини конечно го пронајде во вториот брак со неговата избраничка Марина, со која животот му е претворен во семејна хармонија во која нотите на љубовта се чини сами се редат… Овој пат, без никој да диригира!

Ако пред да се ожени по вторпат беше повеќе од резервиран кога е приватноста во прашање  на социјалните мрежи, сега Даниел е се поактивен на социјалните мрежи. Особено откако со сопругата го добија синчето Стефан.

Пред новогодишните празници ја сподели сета домашна убавина и семеен спокој огледани во новогодишната атмосфера и украсениот дом, а сега пејачот сподели нешто што претходно не го правеше, што доволно говори дека дефинитивно е среќен и исполнет со љубов.

Имено, на своите Инстаграм приказни, Кајмакоски ја споделил љубовната благодарница на неговата сопруга Марина, која во вид на посвета на социјалните мрежи му ја напиша, јавно честитајќи му ја и нему и себе си годишнината од нивниот брак!

А Даниел, сето тоа го зачинил со видео во кое налик на чинот кога младата за прв пат стапнува во новиот дом на денот на свадбата,  ја бакнува и ја зема својата сопруга в раце,  на која претходно и подарил огромен букет цвеќе и ја пренесува преку семејниот праг!

Призор кој симболизира дека љубовта на пејачот и неговата избраничка и денес им блеска со истиот сјај како и првиот миг, првиот ден… И дека ништо не е променето, напротив, истата таа љубов е  само посилна, поцврста, а семејната хармонија поскладна!

„Ти благодарам на безусловната љубов, огромото почитување, и секојдневната поддршка. Ти благодарам што си најдобар татко на нашиот син, ти благодарам што  толку ја сакаш и чуваш Нера ( нивниот пес – Кокер Шпаниел – н.з). Ти си најдобриот човек што го познавам. Среќна годишнина од бракот. Те сакам“ – напишала сопругата Марина во јавно објавената порака.

А, нејзините споделени зборови заедно со кусата видео приказна се повеќе од доволна потврда дека во семејството Кајмаковски, љубова и буквално цвета!

Фото: Инстаграм/daniel_kajmakoski

Останати вести од Радио Милева