Радио Милева
патриотски игри

Бугарите имаат свој, ама и ние имаме наш: Гол се сликал во кампања за градоначалник на Софија, зашто „политиката е порно“

Бугарите имаат свој, ама и ние имаме наш: Гол се сликал во кампања за градоначалник на Софија, зашто „политиката е порно“

Во неделата во соседна Бугарија се одржаа локалните избори.

Кандидатот за градоначалник на Софија од Бугарско Национално Обединување, Ѓорѓи Георгиев – Готи, не стана кмет на Софија, но затоа пак стана хит на социјалните мрежи со својата несекојдневна кампања, откако на изборните плакати се фотографираше гол само со тиква в раце, со која го прекрил полниот орган.

„Позирав сосема гол, бидејќи нема што да кријам од бугарските гласачи! Многумина ме прашаа зошто сум гол, и зошто баш со тиква во рацете? Затоа што политиката е едно големо порно – појасни кандидатот за градоначалник на Софија од Бугарско Национално Обединување, Ѓорѓи Георгиев – Готи.

Арно ама не е само мајка Б’лгарија за во Рипли. И ние си имаме свои надоб(л)удни патриоти. До душа овој нашиот сакал да остане анонимен, а и се’ уште не се кандидирал на избори, ама кој да знае… Еве кај се изборите, ќе дојдат за час, а изборната кампања уште и поскоро.

До душа македонскиот „Готи“ наместо „земјоделска“ избрал повеќе „салонска“ стратегија. Позата иста, само реквизитот е друг! Голо тело кај обајцата, а тиквата кај бугарскиот кандидат, нашиот ја заменил со перниче во вид на срце и на него 16 – кракото сонце од Кутлеш!

Па сега нека види Ганчо, пардон, Готи, кој е поголем патриот?

 

Останати вести од Радио Милева