Радио Милева
повторно заљубен?

Брзо и најде замена на Џенифер Лопез: Ова е новата девојка на Алекс Родригез? (фото)

Брзо и најде замена на Џенифер Лопез: Ова е новата девојка на Алекс Родригез? (фото)

Алекс Родригез  e фотографиран додека се забавуваше со русокосата Мелани Колинс на Ибица, за која се шпекулира дека е неговата нова девојка.

Странските медиуми веќе на големо пишуваат за русокосата девојка која му го зароби срцето по раскинувањето со Џенифер Лопез, и иако не ја потврдија врската, Родригез не се разделува од неа.

Дали е тоа вистинска љубов или само инатење кон Џеј Ло, бидејќи, како што тврдат извори блиски до поранешниот безбол играч, сѐ уште не му е јасно како пејачката можела да продолжи понатаму толку брзо.

Исто така, тој беше фотографиран со Мелани за време на викендот на неговата јахта во Сент Тропе, каде таа го привлече вниманието во сино бикини, а фотографиите ги објави Дејли Меил. Интересно е што во тој момент, Џенифер го прославуваше својот роденден на истата локација.

Папараците потоа ги фатија како ги пакуваат куферите во багажникот на автомобилот и заедно ја напуштаат Ибица.

Колинс работи во телевизиската куќа „CBS“ каде е задолжена за следење на НФЛ лигата.

Потсетуваме, Џенифер Лопез по раскинувањето со Алекс Родригез, по 17 години ја обнови врската со Бен Афлек.

фото: Профимедиа

Останати вести од Радио Милева