Мегафон

Брајан Меј доживеал инфаркт: Гитаристот на легендарните „Квин“ „очи в очи“ со смртта!

Брајан Меј доживеал инфаркт: Гитаристот на легендарните „Квин“ „очи в очи“ со смртта!

Брајан Меј неодамна бил итно префрлен во болница откако доживеал срцев удар.

Гитаристот на легендарните „Квин“ изјавил оти лекарите му рекле дека бил „многу близу до смртта“, откако му откриле три блокирани артерии, што предизвикало болка во градите што траела 40 минути.
Меј, (72) им порача на своите следбеници на Инстаграм дека болката започнала веднаш откако ги скинал мускулите на задникот во несреќата во градината, неколку недели претходно.

„Среде целата таа сага, добив и мал срцев удар“- рекол тој.

„Траеше околу 40 минути, со силна болка во градите и вкочането чувство во рацете и потење “. Мојот прекрасен пријател – доктор ме возеше до самата болница и влегов директно во она што го нарекуваат ЦАТ соба. Мислам дека ми направија и ангиограм, а тоа е кога тие ќе ви стават нешто во вашиот зглоб и тоа оди и во артериите се’ до твоето срце, и може да открие нешто што ништо друго не може“.
За време на ангиограмот, лекарите откриле артерии „кои биле запушени и постоело опасност да го блокираат снабдувањето со крв на неговото срце.
Меј рече дека ја одбил операцијата на отворено срце и наместо тоа решил да стави три стента.