Радио Милева
„мојот свет“

Бојана Скендеровски на 14 февруари не го славеше само „Денот на вљубените“ или „Св. Трифун“ – имаше уште посебен повод за славење (видео)

Бојана Скендеровски на 14 февруари не го славеше само „Денот на вљубените“ или „Св. Трифун“ – имаше уште посебен повод за славење (видео)

Во светот и во Македонија вчера се славеше „Денот на вљубените“, денот кога љубовните парови, партнери си подаруваат подароци, си честитаат или заминуваат некаде заедно да прослават.

Водителката и пејачката Бојана Скендеровски вчера (14.02.2022) имаше уште еден повод за славење.

Имено, Бојана славеше роденден, а токму по тој повод на нејзиниот Фејсбук и Инстаграм профил пристигнаа еден куп честитки од нејзините пријатели и следбеници.

Таа роденденот го прослави  со поширокото семејство во еден познат скопски ресторан, со музика и песна, па во еден момент и самата весела и расположена запеја.

Бојана на својот „Инстаграм“ и објави видео на кое дува свеќички во друштво на дечињата, а во описот на видеото напиша:

-Мојот микро универзум во кој има мега љубов….

Инаку, на Бојана Скендеровски која наполни 38 години, Вистина.ком.мк и посакува среќен роденден!

фото: принтскрин/инстаграм/skenderovski

Останати вести од Радио Милева