Радио Милева
скандал во епизоди

Бившиот менаџер на Ана Николиќ тврди дека лицето и е унаказено од синтетичка дрога помешана со алкохол (фото)

Бившиот менаџер на Ана Николиќ тврди дека лицето и е унаказено од синтетичка дрога помешана со алкохол (фото)

Поранешниот менаџер на пејачката Ана Николиќ, Саша Мирковиќ веќе неколку дена е во јавноста поради конфликтот со пејачката.

Прекинот на соработката, како и валканиот веш кој со денови го тресе регионот, предизвика хаос меѓу колегите и јавноста.

Николиќ во неколку наврати се закануваше дека ќе поднесе тужба поради одредени обвинувања, а видеото од нејзиното изобличено лице ги згрози сите, поради што Саша Мирковиќ беше ставен на столбот на срамот.

Откако Ана го нарече сопственикот на „Хајп продукција“ нечовек, тој ја претстави својата страна на приказната и истакна дека конфликтот со пејачката е поради нејзините пороци., пренесува ало.рс

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

-Нечовек сум затоа што ја замолив да престане да пие алкохол и дрога. Не сум човек затоа што ја замолив да оди на лекување. Не сум човек затоа што ја поддржував шест месеци. Не сум човек затоа што ја замолив сериозно да се занимава со концертите и да доага на време. Не сум човек затоа што и резервирав белградска „Арена“ – изјави Мирковиќ за 24седам и додаде:

-Синтетичка дрога „кристал“, која се става во пијалоци. А таа цел ден носи шише вотка обоена со малку сок и „кристал“ стопен внатре. Па, барем знам зошто не сум човек- вели Саша за споменатиот медиум.

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева