Радио Милева
Богата и плодна

Бејби-бум во 2023 на македонската јавна сцена: Еве кого сe’ посети штркот изминатите месеци (фото)

Бејби-бум во 2023 на македонската јавна сцена: Еве кого сe’ посети штркот изминатите месеци (фото)

Во изминатава година, јавната сцена и светската и домашната, се подмлади. Штрковите слетаа во многу домови и ја донесоа неизмерната среќа, семејствата се зголемија, а во најубавите улоги настапија голем број пејачи, актери и водители, спортисти. Мајки, татковци, баби, дедовци…

На глобалната сцена најмногу внимание предизвика Парис Хилтон, која доби две бебиња во иста година, додека пејачката Ријана и супермоделот Наоми Кембел станаа мајки по втор пат. Кон крајот на годината бевме пријатно изненадени и воодушевени од тоа што и Марија Шерифовиќ се оствари во улога на родител. Нејзиниот син Марио го виде свелото на денот во Америка, со помош на сурогат мајка, а пејачката се уште не може да се совземе од среќа. Кај соседите во Србија исто така пристигнаа многу бебиња…

И кај нас во Македонија годината беше плодна и дарежлива. Радосните вести го преплавија и јавен живот, па изминатите 12 месеци објавивме и честитавме за приновите на многу јавни личности. Повеќето беа летни и есенски бебиња, но генерално во секој месец од годината доаѓаше ново бебе.

Веќе на почетокот на годината односно на 31-ви јануари, татко по вторпат стана ракометниот голман Борко Ристовски. Сопругата Нина се породи се породи на државната клиника и на свет донесе женско бебе кое го доби името Анастасија, а малиот Душан стана поголем бато.

Викторија Јаначковиќ, една нашите најпознати манекенки и некогашна миисица, на 26.01.2023 година Викторија на свет донесе здраво и право девојче, кое го добило името Никита.

Следен меѓу спортистите кој се израдува на втора среќа во месец февруари беше и ракометарот на „Вардар“ и македонската ракометна репрезентација, Стојанче Стоилов стана татко по вторпат. Неговата сопруга Деница на свет донесе машко бебе.

Во месец април повторно штркот донесе бебе во светот на спортот каде немаше пауза од убави вести. Па така, татко по третпат стана македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски кој по двата сина доби ќерка.

Принова за првпат дојде и во семејното гнездо на поранешната новинарка на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, Марија Петровска. Роди син во Словенија– здраво машко чедо кое го носи името Домен.

Во истиот пролетен месец, татко стана и младиот пејач Филип Пешевски. Прво, па машко за Филип и мама Ирина, а пејачот до последно криеше се’ од приватноста, па приновата за јавноста беше изненадување како гром од ведро небо.

Пред старот на летото и музичката двојка Филип Нуне и Мими Јовановска станаа родители за прпат. Пејачката во една приватна клиника во Скопје на свет донесе живо и здраво машко бебе кое го доби името Никола.

Во редот каде штркот имаше бебе за носење беше и адресата на пејачот Даниел Кајмакоски и неговата втора сопруга Марина кои станаа родители. На 30-ти април на свет дојде машко бебе на кое мама и тато му го дадоа името Стефан.

Во месец јуни татко по четврти пат стана и пејачот Никола Перевски- Пере. Со доаѓањето на бебето Инес женското царство на музичарот стана уште поголемо.

Уште една музичка брачна двојка се оставари во улогата на мајка и татко. Антониа Гиговска и музичарот Роберт Спасенцовски во месец јули станаа горди родители на бебето Киан.

Од музичарите со принова се израдува и македонскиот музичар и уметник Павле Камилоски и неговата избраничка, планинарката Ирина Дишовска, станаа родители за првпат на синчето Јосиф.

Како родители се остварија и познатиот македонски хип-хоп музичар Христијан Тасковски – Таско и неговата сопруга Наташа Неделковска која роди син.

Меѓу најбогатите на свет беше пејачот Маријан Стојановски кој доби трето дете. По Вероника и Петар, сопругата Наташа му ја роди и ќерката Кирјана.

Цветаше и полето на актерството.

Македонскот актер, водител и пејач Жарко Димоски ги изненади своите следбеници, барем оние што не знаеја, дека станал татко за првпат.

Жере и неговата сопруга Андреа преку специјална фотосесија обзнанија пред јаноста дека станале родители на машко бебе.

Радосна година беше и за пејачот Јордан Митев кој по шест години брак, со неговата сопруга Славица станаа родители за првпат. Јордан на Фејсбук објави дека станал татко на женско, а убавата вест ја доби додека беше на голема турнеја низ Австралија.

Пред крајот на годината во светот на актерите се роди наследничката на актерката Емра Куртишова и актерот Петар Стојанов. Малата Лена стана нивниот универзум и им го смени животот.

И за крај, токму пред прагот на Новата 2024 пристигна уште едно женско бебе. Кристијан Станковски или едноставно Бомбакис стана татко на ќерка која е Бисерчето на елката од Новата година!

Да се живи и здрави сите!

фото: Instagram printscreen/ Facebook/acibademsistina

Останати вести од Радио Милева