Радио Милева
македонката фасцинираше

Барбара Поповиќ фасцинираше со својот настап во IDJ Show: Охриѓанката „ги зајде“ од воодушевување и жирито и публиката (ВИДЕО)

Барбара Поповиќ фасцинираше со својот настап во IDJ Show: Охриѓанката „ги зајде“ од воодушевување и жирито и публиката (ВИДЕО)

Младата и талентирана Барбара Поповиќ која е по потекло од Охрид, повторно ги воодушеви и публиката и жирито со својот нестварен настап во регионалното музичко талент шоу „ИДЈ Шоу“ (IDJ Show), овој пат пеејќи ја  вонвременската „Зајди, зајди,“ со која дефинитивно ја освои пошироката јавност.

Со својот импресивен вокал, Барбара буквално ги маѓепса и  ги „зајде“ од воодушевување сите присутни.

„Еднаш кажав дека си гордост на Македонија, но денес јас сум горд што сум Македонец. Оваа песна е македонска химна и мене и на сите Македонци ни е една од најубавите. Ова е песна на Александар Сариевски и мислам дека и тој ќе биде горд што Барбара вака ја претставува Македонија“, кажа Дарко Димитров кој е дел од жирито.

По сите овие коментари, Барбара ја надвладеаа емоциите и таа се расплака, па мораа да и донесат хартиени шамивчиња на сцената за да ги избрише солзите – радосници.

Таа освен со извонредната интерпретација, привлече големо внимание и со својот стајлинг.

Поради нејзините одлични вокални перформанси, многумина сметаат дека токму Барбара треба да победи на ова музичко натпреварување. Инаку, Барбара е дипломиран оперски пејач, а има завршено и нижо и средно музичко училиште.

Барбара го објави на нејзиниот инстаграм-профил перформансот со кој ги одушеви сите.

„Моја Македонијо“, напиша Барбара под својата објава од настапот на шоуто, а нејзиниот настап можете да го проследите во видеото во продолжение ако кликнет на 1 час и 36 минути:

Фото и видео: Јутјуб/IDJ Show

Останати вести од Радио Милева