Радио Милева
подобри од година во година

Барбара откри што за неа значат празниците и како ги слави семејството Бобак (фото)

Барбара откри што за неа значат празниците и како ги слави семејството Бобак (фото)

Фолк ѕвездата Барбара Бобак, во пресрет на празниците, си ја отвори душата и призна што значат празниците за неа, нејзиното семејство и дали се промениле откако станала популарна.

– Тие не се различни. Секој ден ми е празник кога сум опкружена со луѓето што ги сакам и кога го работам тоа што го сакам. И како некој кој секогаш знае, не само да сака, туку и што сака, уште пред мојата популарност ги исполнував деновите со она што го сакав. Значи во суштина ништо не е сменето, само формата е малку поинаква, што е крајно нормално и пожелно со годините.

За тоа како ја прославувале  Нова Година и Божиќ кога таа била дете пејачката рекла:

– Секогаш беше целото семејство заедно, како што е денес. И сите најдобри спомени што ги имам од детството во мојата куќа стануваат се посилни и подобри од година во година. Затоа што јадеме повеќе, се сакаме посилно и се смееме погласно.

Кога работи за дочекот таа секогаш го менеува репертоарот и подготвува некое изненадување:

– Па, како некој што нон-стоп го менува репертоарот, ретко се случува да поминат четири свирки, а репертоарот да остане ист. Секако, секогаш подготвувам уште некое изненадување на репертоарот за дочекот, бидејќи многу сум навикнатa на вакво нешто и никогаш не го откривам однапред, дури и мојот бенд дознава во последен момент.

Фото: Printskrin/Instgram/barbara.bobak

Останати вести од Радио Милева