Мегафон
хуманоста на дело

Ацт Македонија секој вторник со хуманитарна акција пред Спомен куќата на Мајка Тереза

Ацт Македонија секој вторник со хуманитарна акција пред Спомен куќата на Мајка Тереза

Ацт Македонија организира хуманитарна акција секој вторник пред Спомен куќата на Мајка Тереза со почеток од 18 и 30ч. Целта на оваа организација е собирање средства, обезбедувајќи им храна, облека, училишен прибор и сл. на лица кои што немаат никакви примања и им е најпотребно за опстанок.

„Како дел од тимот на Ацт Македонија можете да ме контактирате мене како волонтер Билјана Јаневска или пак да се обратите на официјалната страна на Ацт Македонија да им помогнеме на оние граѓани на кои им е неопходно да добијат барем еден оброк во денот“ – вели некогашната мисица, сега дипломиран инженер по екологија и магистер за управување со отпад во скопската депонија Дрисла, а однеодамна и општински функционер.

Секој оној кој што сака може да се приклучи како волонтер и е повеќе од добредојден во Ацт Македонија.

„Јас сум волонтер од минатата година и ми е драго што можам да бидам нечија светлина на крајот од тунелот“ – вели Јаневска.