Мегафон
концерти

„Артан Лили“ во МКЦ на 8-ми март 2024 година

„Артан Лили“ во МКЦ на 8-ми март 2024 година
Концертот на овој култен белградски андерграунд бенд се случува во екот на прославата на нивното 10 годишно активно постоење.
“За Скопје не врзуваат прекрасни спомени, од самиот почеток на бендот. Трипе ги продуцираше нашите први песни, додека во Куманово го склопивме името на нашата музичка група. Во Македонија наидовме на огромна поддршка од нашите сами почетоци, па редно е да се оддолжиме со еден голем концерт. Не сме биле таму неколку години и еве вистинска прилика да се видиме и претставиме во полно светло! Со нас ќе настапи и еден стар пријател на групата, еден од најпознатите регионални визуелни уметници, виџејот Изванредни Боб. Купете влезници на време и да се видиме во МКЦ, ви спремаме луда журка за паметење!” – еуфорично изјавуваат членовите на бендот кој има импресивна листа на есенски настапи и каде во склоп на нивната регионална турнеја на листата ќе се најде и МКЦ.
Отткако е објавен нивниот прв сингл “Џони” во ноември 2012, „Артан Лили“ несомнно прераснаа во еден од најмногу спомнуваните музички состави во регионот, кога се зборува за новата сила на домашната и регионална музичка сцена. Групата со текот на времето се засили, во сега веќе препознатливата четворка: Бојан Слачала – бас и вокал, Романа Слачала – вокал и дајре, Марко Ајковиќ – тапани и Иван Скопуловиќ – гитара. Нивните 3 последни синглови се во соработка со познати колеги од локалната сцена: “Рокенрол после рок ен рола” во соработка со Зоран Костиќ – Цане, фронтменот на групата Партибрејкерс, “Отров” со Никола Врањковиќ и “хардкор и панк” заедно со Зоран Маринковиќ, фронтмен на групата Бјесови.
Со своите синглови ги освојуваат сите релевантни радиски и тв топ листи во својата земја и регионот. Најинтересен е пласманот на песната “Ако станемо ту”, која одма како новитет застана на првото место на листата “Дискомер” на “Студио Б”, што претходно, во 40 години откако постои листата, им идело под рака единствено на музички групи како Bjelo Dugme и Ekaterina Velika.
До сега имаат издадено 2 студиски албуми “Artan Lili” и “New Deal”. Добитници се на првата по ред награда “Милан Младеновиќ”.
Артан Лили во МКЦ на 8. март 2024 во 21.00 часот. Билети на: bileti.mkc.mk