Радио Милева
камбек

Антониа Гиговска се враќа на сцена, а за старт има необично барање до фановите: „Ми требате во што поголем број!“ (фото)

Антониа Гиговска се враќа на сцена, а за старт има необично барање до фановите: „Ми требате во што поголем број!“ (фото)

По многуте медиумски написи поврзани со приватноста, за пејачката Антониа Гиговска дојде време повторно да се вратат и насловите поврзани со нејзината музичка кариера.

Помина речиси една година откако Тониа како што милува да ја нарекуваат, кариерата ја стави во мирување поради бременоста, а потоа и раѓањето на синчето Киан.

Но, сега дојде време тоа да се смени, односно да се врати на старо.

Гиговска наодамна најави дека своите фанови ќе ги изненади со нова песна, а дека турбо работи на истата во студио заедно со хитмејкерот Дарко Димитров, покажа во едно од своите стори објави.

Па така, не само што ќе се приврши и аудиото, Антониа веќе е тргната во реализација и на спот за кој има барање до своите следбеници.

Имено, таа ги повика во што поголем број да се пријават за статисти на видеото каде ќе бидат сите под маски.

На музички план нештата тргнаа да се менуваат, а со тоа и новата етапа од животот на пејачката која сега дополнително ќе има инспирација, љубов и сознание дека некој што најмногу ја сака и му треба, ја чека да се врати дома, а тоа се разбира е бебето Киан.

Инаку, Антониа неодамна по некоку месеци повторно застана на сцена и ја запеа заедно со Пајак нивната „Хабиби“ за роденденот на „Бекстејџ“.

фото:Инстаграм принтскрин/Антониа Гиговска

Останати вести од Радио Милева