Радио Милева
колегијална поддршка

Антониа Гиговска и се обрати на Сара Јо, a она што го напиша сите ги изненади (фото)

Антониа Гиговска и се обрати на Сара Јо, a она што го напиша сите ги изненади (фото)

Пејачката Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо, за Нова година настапи во „Белград на вода“, а нејзиниот настап го одбележа и мала „несреќа“, која се рашири и на социјалните мрежи.

Имено, пејачката додека пеела незгодно паднала и се нашла на подот, но брзо станала и продолжила со песната како ништо да не било..

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Jo (@sarajoofficial)

Овој момент го забележале сите присутни, а Сара на социјалната мрежа Инстаграм веднаш се пошегува на своја сметка.

– Не знам за вас, но јас веќе „паднав“ во 2024 година. Луѓето немаа време да сфатат дека паднав. Сè навистина се тресеше – напиша тогаш Сара.

Сега, за ова нејзино видео, остави коментар  и нејзината македонска колешка, и пријателка Антониа Гиговска.

– Јас еднаш паднав, ова би ми било реприза  – со многу смајлиња ја охрабри и ја поддржа и Антониа алудирајќи на тоа дека не е сама кога станува збор за паѓање на сцената.

Па иако изгледа дека е се совршено и блескаво, всушност за добар крај пред своите фанови потребно е голем професионализам , бидејќи како што сподели Антониа, фановите не се бираат, тие го ценат   она што го гледаат  иако секогаш не е така лесно.

Фото: Printskrin/Instagram/antoniagigovskaa/sarajoofficial

Останати вести од Радио Милева