Радио Милева
пиши- бриши

Анета Молика се стегна во бело, а еден коментар инстантно го избриша: „Требаше да се разведеш за да…“ (фото)

Анета Молика се стегна во бело, а еден коментар инстантно го избриша: „Требаше да се разведеш за да…“ (фото)

Анета Љуманковска или попозната како пејачката на група „Молика“ отсекогаш била интересна за јавноста, особено кога е во прашање нејзината приватност. Сега тоа е особено наглесено откако со веќе екс- сопругот Џими решија да стават точка на дведеценискиот брак од кој имаат и една ќерка.

Анета и Џими си продолжија секој по свој пат, а единствено се гледаат кога треба да ги одработат веќе договорените настапи кои ќе ги имаат се до следниот август.

Анета откако стана сингл, се повеќе е активна на социјалната мрежа Инстаграм каде може да се види како го поминува секојдневието, па и тоа каде се’ е настапува соло.

Деновиве таа се скоцка со бела комбинација од кратко топ-сако и бели панталони со висок струк кои ја нагласија нејзината става.

Приликата беше снимањето на ноа емисија од „Мерак меана“ каде беше поканета меѓу колегите – прилика да се види и дружи со нив.

Анета неодамна изјави дека социјалните мрежи, особено Фејсбук е место каде осамнуваат разни коментари, а таа тешко се носи со истите.

Затоа, Инстаграм го почувствува за посигурна зона каде е поактивна, но и тука очигледно нема раат. За најновата фотографија во каде позира во белиот комплет доби многу пофалби, но и еден коментар во кој пишуваше: „Требаше да се разведеш за да станеш вака згодна, па и да фаќаш нови момци“.

Ова воопшто не и се допадна на Анета, иако пофалена дека е згодна. Коментарот инстантно го избриша, и ги остави само оние што сметаше дека држат место.

Фејсбук, Iнстаграм,Тик- Ток, Твитер, платформи каде очекувано е да се види и прочита се’, a за Анета работата со приши- бриши изгледа наскоро ќе стане премногу, па просторот за коментар нема да биде опција.

фото:Инстаграм принтскрин/ Анета Љуманковска

Останати вести од Радио Милева