Радио Милева
на иста фреквенција

Анастасија Ражнатовиќ се пофали колку многу си одговараат со Немања, а еден детаљ покажа дека се совршен пар (фото)

Анастасија Ражнатовиќ се пофали колку многу си одговараат со Немања, а еден детаљ покажа дека се совршен пар (фото)

Откако пред нешто помалку од една година се дозна дека Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ, фудбалерот на Севиља и српски репрезентативец се во емотивна врска, тие се една од главните теми на порталите.

Со оглед на тоа што не е лесно да се видат во јавност бидејќи поголемиот дел од времето го поминуваат во Шпанија каде што момчето на Таса има професионален ангажман, едно од сознанијата за нивното секојдневие се социјалните мрежи преку кои не ја искажуваат премногу често својата љубов.

Тоа што решија да не ја изложуваат својата врска во јавноста беше една од причините за зачестените шпекулации на темата за нивното раскинување, меѓутоа, дека се’ е во совршен ред и дека во нивната врска, која е се посилна и постабилна, а како цветаат розите, ни покажаа со најновата објава на Инста „стори“.

Секој момент меѓу тренинзите и натпреварите на Немања се трудат да го искористат на најдобар можен начин, а како големи љубители на модата, секако еден од облиците на релаксација за нив е посетата на трговските центри, каде често ги повторуваат и обновуваат гардеробите.


Овој пат, Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ им се пофалија на своите фанови дека имаат идентични патики и со тоа собраа многу реакции, а со овој потег и на сите им дадоа до знаење дека нивните модни вкусови се совпаѓаат, и дека навистина се совршен пар кој најверојатно ќе ја подигне нивната врска наскоро и на повисоко ниво.

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева