Радио Милева
во преговори и возбудена

Амбер Херд пишува книга во која ќе открие сè за бракот со Џони Деп? „Нејзината кариера е завршена, нема што да загуби“ (Фото)

Амбер Херд пишува книга во која ќе открие сè за бракот со Џони Деп? „Нејзината кариера е завршена, нема што да загуби“ (Фото)

Холивудската актерка Амбер Херд наводно е во преговори да напише книга за зголемување на приходите, откако изгуби милиони долари во тужбата за клевета против нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп.

Имено, актерката наводно е подготвена за „одмаздничка“ книга, откако изгуби на суд.

– Амбер својата кариера во Холивуд ја смета за завршена. Таа веќе е во преговори и е возбудена поради тоа. Таа во овој момент нема што да загуби и сака се да каже – рекол изворот.

Дрор Бикел, адвокат за развод и автор на книгата „Развод од 1%, кога се судираат титаните“, рече дека актерката може да се соочи со потенцијални тужби што книгата може да ги предизвика.

„Колку Херд сака да разговара за овој случај и за нејзината врска со Деп во книгата која зборува за сè, таа мора да биде исклучително внимателна кога зборува за него“, рече Бикел, истакнувајќи дека Деп и неговите адвокати ќе се фокусираат на сè што Херд ќе зборува.

– Доколку ја помине границата, што е веројатно, нема сомнеж дека ќе ја погоди уште една тужба за клевета и веднаш ќе заврши на суд – додаде адвокатот.

Адвокатите на Амбер Херд не ги негираа гласините, но не сакаа да ја коментираат оваа ситуација.

Иако сега се шпекулира дека таа ќе ја каже целата вистина во книгата, Амбер неодамна во интервју за NBC „Dateline“ изјави дека е „исплашена“ Деп повторно да не ја тужи.

Фото:Принтскрин/Танјуг

 

Останати вести од Радио Милева