Радио Милева
Инстаграм прашања

Александра Накова сподели совети за убавина но, едно нешто што го прави, не го препорачува (фото)

Александра Накова сподели совети за убавина но, едно нешто што го прави, не го препорачува (фото)

Македонската убавица Александра Накова прави се за да ја одржи својата совршена фигура, а сега  реши искрено да им открие на следбениците кои современи методи ги користи за разубавување.

Таа несебично сподели нови приватни информации за неа и нејзините навики. Па, така  на една од нејзините најнови фотографии несебично им напиша „Поставете ми прашање“.

 

Но, наместо тоа таа веднаш доби комплимент за нејзината коса, за која  откри дека е со надградба.

А дека атрактивната гевгеличанка ја преферира корективната естетика покажа дека сите несовршености на лицето ги решава со игла.

Но, едно од најчудните одговори кои таа ги даде беше во врска со солариумите кои  ги користи но на тоа прашање напиша:

„Користам, но не го препорачувам“ – со што ги изненади слебдениците зошто го прави тоа.

Сепак,  ќе се воодушевите колку е висока Накова која сега им го откри одговорот на оние кои досега не знаеја, а нејзините фанови ги интересираат сите интересни факти за неа, меѓу кои и тоа прашање.

Така таа, сега јавно на сите им откри дека е 173 сантиметри висока.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/naleksandraofficial

Останати вести од Радио Милева