Радио Милева

Алекс Родригез повторно ја запроси Џенифер Лопез и тоа на невообичаено место (видео)

Алекс Родригез повторно ја запроси Џенифер Лопез и тоа на невообичаено место (видео)
фото: Инстаграм

Пејачката и актерката Џенифер Лопез повторно кажа „да“ на нејзиниот партнер, некогашниот бејзбол играч Алекс Родригез.

Пред неколку месеци, поранешниот спортист ја запроси Џенифер на Бахамите и тоа со прстен од милион долари.

Изгледа тоа не било доволно, па Алекс одлучи повторно да ја побара Џенифер за сопруга.

Родригез на својот „Инстаграм“ објави видео на кое тој и Џенифер вежбаат во теретана, а тој ја прашува дали сака да се омажи за него.

За потсетување, Алекс Родригез од претходнот брак со Синтија Куртис има две деца, додека Џенифер во брак беше трипати, а од љубовта со Марк Ентони има две деца.

Останати вести од Радио Милева