Љубов и Секс

Ова се јасни знаци дека партнерот е со вас само од корист

Ова се јасни знаци дека партнерот е со вас само од корист

Дали некогаш сте помислиле дека некој е „вистинскиот“, а да испадне дека само ве искористил за да ја натера бившата да му љубомори?

Од друга страна, можеби сте мислеле дека навистина ви се допаѓа, но тој ве гледал само како сексуален објект. Неблагодарно е да се влезе во игра наречена „заведување, освојување и забава“ без претходна „подготовка“.

Затоа, држете ги очите широко отворени, бидејќи тоа се знаци кои укажуваат дека сексот е единственото нешто што го интересира.

Разговорите со него секогаш се сведуваат на секс

Како се одвива разговорот меѓу вас двајца? Ако на саканиот му поставите едноставно прашање, за тоа што би сакал да јадете за вечера, а тој ви одговори „ти“, можеби ќе помислите дека тоа е многу слатко и дека е навистина заљубен во вас.

Меѓутоа, ако секој од вашите разговори завршува на ист начин, со асоцијации на секс, не е тешко да се заклучи што е она што секогаш му е на ум на вашиот сакан.

Секогаш доцна испраќа пораки

Размислете: кога вашиот сакан има навика да ви испраќа пораки? Дали се ова пораки за добро утро или обично функционира по полноќ? Ако е второто, не е тешко да се заклучи дека тој навистина не сака да разговара, туку да го растури креветот со вас. Пораките и повиците после полноќ имаат само една цел, затоа не бидете слепи за да ја видите.

Дава комплименти за вашиот изглед

Комплиментите се секогаш добредојдени, особено од саканата личност, но важно е да се внимава на што се однесуваат.

Ако секогаш ги коментира само градите, нозете, задникот и вашиот изглед воопшто, а никогаш вашата интелигенција, нема сомнеж дека ве доживува како предмет на својата страст.

Тој не сака да ве запознае со своите пријатели

Пријателите се важни во животот на секој поединец. Колку и да сте во врска со некого, доколку тој не покажува ни најмал интерес да ве запознае со пријателите, треба да се запрашате – што барате со него?

Мажите кои не планираат никаква иднина со одредена девојка, не гледаат смисла да ја запознаат со луѓе кои им значат.

извор:попара.мк
фото:профимедиа