Радио Милева
машки двојник - мустаклија...

Ако жените не се депилираа и носеа мустаќи, ќе можеше ли некоја од македонските фолкерки со својот изглед да ве усреќи: Адријана, Татијана и Сузана како Фреди, Харис и Кеба ако треба…? (ФОТО)

Ако жените не се депилираа и носеа мустаќи, ќе можеше ли некоја од македонските фолкерки со својот изглед да ве усреќи: Адријана, Татијана и Сузана како  Фреди, Харис и Кеба ако треба…? (ФОТО)

Нема жена што не придодава посебно внимание на својот изглед. особено денес, во овие модерни времиња, кога се е достапно. Од теретана, сауна, солариум, преку козметички салони, фризери, шминкери, до маникири, педикири и пластична хирургија… Се живо ставено во функција на женската убавина.

Од мали нозе и тинејџерска возраст до зрели години и пензија, секоја пора, веѓа или трепка, секое влакно од косата мора да биде „по димнзија“, негата секојдневна, шминката беспрекорна, а рацете, нозете и телото, мазни како ски писта.

Ова важи за сите жени, а особено е нагласено кај оние од јавниот живот и естрадата, на кои работата и заработката меѓудругото им зависат од убавината. Кај нив мора се’ да е „пици“ и „под конец“ и кога се и кога не се на сцена, зашто еден кикс и готово е… Не си веќе на цена!

Арно ама, сте се запрашале ли што ќе беше ако жените волку не водеа грижа за себе и својата убавина, не се дотеруваа и негуваа, не се шминкаа, фризираа, лакираа, не се депилираа…? Како ли светот ќе изгледаше тогаш?

Деновове во Пробиштип по повод „Денот на рударите“ се одржа музичка спектакл на кој меѓу другите учествуваа и дел од најпознатите фолк ѕвезди од македонската естрада.

Народњаците за разлика од некои други, умеат меѓу себе да се дружат и приватно, па три познати и многу популарни фолкерки одново покажаа дека  и надвор од сцената се добри другарки.

Адријана Кеш, Татијана Стефановска и Сузна Гавазова покрај настапот на големата сцена, интензивно се дружеа и вон неа, па тие трите на моменти засилени со уште некоја колешка или колега ги делеа минутите во заеднички муабети и размена на искуства.  Заедничките моменти треба да се овековечат и споделат на социјалните мрежи, па трите пејачки тоа и го направија за спомен и долго сеќавање, ама и за нешто друго… Нешто што се вика мајтап, или во случајов шега на своја сметка!

Имено, во контекст на почетокот од приказната за женската убавина, користејќи ги благодетите на современата техника, фотошопот и останатите фотомонтажни апликации, трите грации на истата фотографија си додадоа на себе „влакна под носот“!

Колку за да ве стават во недоумица, ако жените не се депилира и носеа мустаќи, ќе можеше ли некоја од македонските фолкерки со својот изглед да ве усреќи? Или пак, Адријана, Татијана и Сузана сакаа да асоцираат дека вокално се моќни како Фреди Меркјури, Харис Џиновиќ и Драган Којиќ Кеба? Оние што први ги видоа, веднаш искоментираа дека на овие славни пејачи им личат трите македонски фолкерки со аплицирани мустаќи! Која на кого највеќе личи, проценете сами, иако… Тоа, отприлика вака некако би изгледало:

А за да не остане покус и Благоја Грујовски, единственото машко во  ова фолк друштвото ја искористи можноста да покаже како би изгледал со мустаќи и на кој познат колега најмногу ќе личи!?

Вие пак проценете самите, иако ние прашавме и повеќето ни рекоа дека Благоја со мустаќи без дилеми е налик на легендарниот Јонче Христовски во помлади години!

Фото: Принтскрин/социјални мрежи

Останати вести од Радио Милева