Радио Милева
го владеат јазикот

Адријана Кеш и Сузана Гавазова имаат скриена дарба: Македонските фолкерки покажаа дека освен одличното пеење одлично им оди и со јазичното умеење (ВИДЕО)

Адријана Кеш и Сузана Гавазова имаат скриена дарба: Македонските фолкерки покажаа дека освен одличното пеење одлично им оди и со јазичното умеење (ВИДЕО)

Нова Година е на прагот, а крајот на месец ноември и почетокот на  декември како по правило се резервирани за  снимања на новогодишните емисии на разни телевизии. Естрадните ѕвезди растрчани од ТВ до ТВ куќа, од студио до студио, од продукција до продукција од град во град… Надвор временските услови какви и да се , од професионалната обврска да се појавиш на снимање – нема бегање, ниту пак одлагање.

Една од најпознатите продукции и ТВ куќи која има седиште во Охрид, ама е сателитски се емитува и во Австралија, закажа снимање токму деновиве кога првиот снег ги изненади сите служби задолжени за чистење на патиштата, но не ги изненади македонските фолкерки Адријана Ацевска попозната како Адријана Кеш и Сузана Гавазова кои по најголемото невреме и снежната виулица се потрудија да возат и навреме да стигнат на снимање и од Скопје и од Струмица.

Двете убавици, раскошни,  стројни, бујни како и вообичаено го истурија сиот свој сексапил пред ТВ камерите, ама и пред камерите на сопствените мобилни телефони.  Разбирливо, различните селфи  пози се неизбежни, ама при тоа двете убавици покажаа уште една своја скриена дарба!

Имено, дека македонските фолкерки го владеат пеењето оддамна е познато, ама затоа во оваа прилика Сузето и Адријана покажаа уште една своја „светла страна“ од раскошната понуда на скриени можности.

Имено атрактивните пејачки покажаа дека освен одличното пеење одлично им оди и со јазичното умеење… Или поточно владеење на јазикот!

Дека е тоа така, покажа видеото споделено на нивните Инстаграм приказни. Е сега, која подобро тоа го прави и која повозбудливо владее со својот  јазик, погледнете ја јазичната умешност на дамите, па проценете самите?!

Фото: Инстаграм/adrijana_acevska

Останати вести од Радио Милева