Оригинален во својата појава, темперамент, харизма, карактер – ТВ и радио водителот Марко Новески како и многупати досега кај своите следбеници и пријатели предизвика позитивни ракции со своите дела.
Познато е дека е голем поборник за чиста околина, разумно однесување во сообраќајот, но и грижа за животните, особено напуштените и болните.
Па така, овој пат на својот Фејсбук профил уште еднаш предизвика доста коментари за делото кое го направи со едно беспомошно и болно кученце. Воден од својата голема љубов за животните, тој не можел да го игнорира и остави беспомошното болно животно, кое пред една година било на работ на смртта на улица.
Денес , по една година црното болно кученце по име Кори е здраво, излечено и претворено во прекрасно крзнено милениче кое Марко го објави и напиша:
Кори 1 година подоцна. Се најдовме пред точно 1 година и од тогаш сме на лудо патување.
Голема благодарност до сите што ми помогнаа, напиша Марко и во објавата ги допиша и оние здруженија за животни кои му помогнале во добро дело.
За приказната со среќен крај доби многу пофалби од пријателите и следбениците кои му напишаа многу коментари од типот дека заслужува наклон до под за делото и резултатот кој го постигнал со својата љубов, грижа и посветеност.