Марина Туцаковиќ помина низ тежок период откако дозна дека има рак на дојка, а сега првпат проговори за болеста и низ што поминала.
Имено, по тешката болест таа првпат ќе се појави пред камерите на македонска телевизија каде што ќе зборва за лошиот период и низ што размислувала кога била на Институтот за онкологија и радиологија во Белград.
„Карциномот на дојка, започна со вода во белите дробови. Поминав низ пекол. Но, едноставно кога бев сместена на онкологија немав никаков страв“ вели Марина и додава:
„Си велев – „ќе биде што мора да биде“. Изгубив дете, што може уште полошо да ми се случи. Нели е така“ вели најпознатиот текстописец.
Марина проговори и за тешкиот период кога го изгуби својот син.
„Ќе ви отиде детето на екскурзија, па се плашите како ќе стигне. Секогаш имате страв за луѓето кои ги сакате. Таа ноќ…тој беше многу весел, мноу се смеевме, не можев да имам некакво пречувсство. И ете се случи тогаш кога најмалку очекував. Не очекував“ вели Марина.
Таа откри како во тој период успеала да остане професионална и да соопшти дека нема да пристигне во договорената емисија.
„Тоа беше момент на лудило и свесност. Само напишав – Јас не можам да дојдам во емисија. Извините, мене ми умре синот. Имав професионалност и свеснот да им кажам на луѓето дека нема да дојдам во емисија“ вели текстописецот кој напиша многу хитови на Лепа Брена, Цеца, Ана Бекута…