Радио Милева трендсетерка

„Кај пластичните хирурзи одат со моја фотографија“: Тамара Ѓуриќ откри дека девојките сакаат да личат на неа (фото) 

„Кај пластичните хирурзи одат со моја фотографија“: Тамара Ѓуриќ откри дека девојките сакаат да личат на неа (фото) 

Старлетата Тамара Ѓуриќ неодамна ги извади силиконските импланти од градите и ги воодушеви своите следбеници со природниот изглед, а сега откри дека многу девојки сакаат да изгледаат исто како неа.

Тамара откри дека слушнала дека жените со нејзина фотографија одат кај пластичните хирурзи и бараат да личат на неа.

– Јас сум трендсетерка во Србија, моето дете мисли дека нејзината мајка се клонирала, кога ќе види некои жени вели: „Мамо, ова си ти“.

Генерално девојките се трудат да личат на мене, одат на лекар со мојата фотографија и бараат да личат на мене. Маја Маринковиќ ми е пријателка, но кога личиш на некого и правиш такви гестови… Дури и во Истанбул ми велат дека таму доаѓаат девојки од Србија со моја фотографија – открива Ѓуриќ, а потоа проговори за воспитувањето на нејзината ќерка Тамара:

-Јас сум строга мајка и само јас сум строга. Сакав некој друг да ја преземе таа улога, но кога видов дека нема кој, ја презедов. Таа е скромно дете, иако добива се што ќе посака. Мојот збор мора да биде последен, со тоа што не сум чудовиште. Мора да прерасне во зрела девојка и жена – изјави Тамара во емисијата „Премиер – викенд специјал“.

Фото: printskrin/instagram/tamarastar89

To top