Македонската пејачка Тамара Тодевска на социјалните мрежи секојдневно објавува фотографии од настаните на кои учествува, а сега привлече внимание и со една фотографија со која покажува како го користи слободното време.
Љубителите на спортот и одржувањето на кондиција, обожаваат наместо во теретана кога времето е убаво и сончево, да спортуваат и на отворено.
Една од нив е и Тамара која сега одлучи да сподели бумеранг видео од среќните моментите кога спортува и кога широката насмевка не ја трга од лицето додека го јава својот модерен велосипед.
Во ултра куси спортски панталончиња и црна топ маичка насмеаната пејачката обожава да биде „девојката со точакот“, која меѓудругото и вака ја одржува витката става за време на летото.
Ако случајно налетате на оваа велосипедистка на стазата покрај Вардар, а не можете да ја препознаете заради капчето, слушалките и големите темни очила, погледнете малку подолу во пределот на бујната предница, која цврсто лежи стегната во топ маичката…
И без да се чудите и размислувате се’ до ноќеска, бидете сигурни дека „девојката со точакот“ е… Тамара Тодевска!
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Тамара Тодевска