Македонската поп дива Калиопи Букле беше дел од музичките ѕвезди кои ги собраа наградите од гласањето за „Накси ѕвезда“ на „Накси радио“.
Заврши гласањето за „Накси звездите“, а свеченото прогласување на победниците беше објавено на 8 јуни во театарот Теразие.
Гласањето за годинешната „Naxi“ ѕвезда започна уште на 15 мај, во понеделник од 10 часот и траеше до 8 јуни, а публиката преку специјално креираната платформа можеше да гласа за своите омилени автори и изведувачи.
Оваа година слушателите можеа да гласаат за своите фаворити во шест категории: Песна на годината, Пејачка на годината, Пејач на годината, Албум на годината, Музичка соработка на годината и Концерт на годината.
Покрај категориите во кои победниците ги избираа исклучиво слушателите на „Naxi Radio“, по избор на редакцијата на радиото беа доделени награди и во следните категории: „Naxi Star“ за сите времиња, „Naxi Star“за Извонреден придонес во музиката, „Naxi Star“ за продуцент , „Naxi Star“ за најдобро стилизирана музичка ѕвезда и „Naxi Star“ за проект на годината која и припадна на македонската поп ѕвезда Калиопи за дует песната „Знам“ заедно со нејзиниот драг колега и пријател Жељко Самарџиќ.
На социјалните мрежи Калиопи објави дел од свеченото деделување на наградата и покажа колку е воодушевена и благодарна:
– Награда за музички проект на годината … Благодарам „Naxi“ радио! Вчера во театарот Теразие се спушти ѕвезденото небо и блескаше …
Благодарам за вечноста…
Ваши Калиопи и Желко – напиша таа.
View this post on Instagram
Неколку часа пред да ја добие наградата, Калиопи напиша емотивна порака заедно со видеото од подготовките на „Знам“ и упати благодарност до сите кои беа дел од создавањето на песната.
– Некои моменти значат вечност, а некои песни траат и по таа вечност… такво беше и создавањето на „Знам “… Благодарност до сите оние кои беа дел од ова парче живот кое трае и ќе трае…
View this post on Instagram
Честитки!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Накси Медиа