Македонската модна дизајнерка е една од оние чии креации покрај обичните луѓе ги носат и познатите Македонки од естрадниот и јавниот живот…
Фолкерката Сања Сани Гроздановска сега Урдаревиќ или ријалити ѕвездата и позната инфлуенсерка и модел Елеонора Миљковиќ на пример, беа или се уште се едни од нејзините редовни клиенти.
Но, за младата модна креаторка важи и оноа: Колку креативна, толку убава, згодна, атрактивна и сексапилна, па затоа неретко и самата знаеше да ги рекламира своите модели…
Од свечени фустани или венчаници, до костими за капење излезени од нејзиното дизајнерско-креативно ателје.
Токму затоа она што се случи ја заскокотка љубопитноста на чаршијата, каква ли венчаница ќе облече дизајнерката кога ќе дојде денот на свадбата на Ива? А тој ден воопшто не е далеку зашто Ива Спасовска кажа ДА и тоа среде градот на светлината и љубовта – Париз.
View this post on Instagram
Имено дизајнерката се вери во Париз, а веста самата ја сподели со своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи, откако нејзиниот партнер, Турчинот Бурак Биркан по двегодишната љубовна романса ја побара нејзината рака пред Ајфелова кула.
„Париз е дефинитивно најромантичното место на светот“ – споделила идната невеста покрај видеото на кое двајцата младенци се облечени во бела комбинација.
Најпрвин Бурак и го става големиот, веројатно дијамнтски прстен на раката, па потоа следува судбоносниот бакнеж в уста на двете вљубени гулапчиња…
Потоа додека вереникот го отвора шишето со шампањко, Ива уште еднаш го покажува прекрасниот прстен од бело злато со скапоцен камен на него.
View this post on Instagram
Датумот на свадбата се уште не е обзнанет… Не барем јавно, а за венчаницата…? Веројатно ќе мораме да почекаме невестата самата да ја искреира и сите да ги изненади… Или можеби сепак ќе се одлучи за некој од светските брендови, иако многу поинтересно би било доколку македонската модна креаторка за „големиот ден“ кога ќе биде невеста, самата на себе да си биде и дизајнерка и шнајдерка.
Фото:Инстаграм принтскрин/ivaspasovska_