Календарски летото се уште не почнало, но за гевгелиската трендсетерка и модел Александра Накова официјален летен старт не е потребен, таа самата си го одреди.
Имено, Накова на својот Инстаграм профил започна да ги реди своите жешки и секси разголени фотографии во костим за капење, а со тоа најави дека за неа бикини сезоната е отворена.
Црно ултра минјатурно бикини кое едвај ја собра бујната предница, потоа зелено, па шарено со детали, Александра Накова блесна посилно од ова мајско сонце.
Дестинацијата е во Грција во еден луксузен ресорт за кој не пропушти да се пофали.
Расната гевгелиска убавица ја гледаме не ретко вака разголена, а од објавите на нејзиниот профил може да помислите дека постојано е лето.
Жешко, жешко, постојано температурата е висока, така што овие секси фотки се само една дополнета и обновена епизода.
Она што е поразлично овој пат е тоа што Накова покажа во чие друштво ужива сега, а ако мислевте дека тоа е нејзината нова љубов, се лажете. Оваа љубовна врска е цврста и нераскинлива – мајка и ќерка во морска авантура.
Малечката долгокоса ужива покрај и во морето, а веруваме дека рака за рака со мама се атракција таму, па подледите се магнетски залепени за нив.
Едно е сигурно, внманието е украдено, а овој пат дефинитивно само мама нема да биде во фокус.
фото:Инстаграм принтскрин/Александра Накова