Радио Милева ужива во својата уникатност

Ирена Спировска без грам шминка, филтери и корекции: Водителката достојно старее и гордо го покажува тоа (фото)

Ирена Спировска без грам шминка, филтери и корекции: Водителката достојно старее и гордо го покажува тоа (фото)

Светски позната актерка Моника Белучи важи за една од најубавите жени на светот во зрели години, а особено е ценета од своите обожаватели бидејќи е поборник за достојно стареење и природна убавина.

ТВ водителката Ирена Спировска е љубител на природата, а со тоа и се’ што е природно, па и својот изглед во такво издание. Ирена секојдневно е пред камерите и рефлекторите, а телевизиската работа бара шминка, не толку комфорна облека, високи потпетици… Затоа Спировска има често бегство кон природата и планините низ земјата.

Ако повеќето припаднички на понежниот пол, особено јавни личности, немаат храброст да се фотографираат без шминка – Ирена напротив, а има и зошто. Водителката Ирена Спировска важи за една од најзгодните водителки на нејзините години, а се тоа благодарение на нејзината физичка активност.

Ирена своевремено за „Женски магазин“ проговори дали има правено интервеции на себе, односно дали нешто коригирала.

-Немам правено никакви интервенции освен козметички третмани за одржување на нега на кожата на лицето на природна база. Немам дури ни вештачки исцртани веѓи, вештачки нокти, трепки…Секогаш ќе има некој со посензуални усни од нашите, со погусти трепки, со побујни гради, подолги нозе или потенка половина…Нема потреба да тежнееме кон идеални пропорции. Треба да научиме да уживаме во нашата уникатност, тоа нè прави да бидеме единствени. Колку порано го сфатат тоа младите девојки, толку подобро за нив, вели Ирена.

Овој пат од нејзините последни објави на Инстаграм таа уште еднаш потврди дека нема никакви комплекси кога е во прашање покажувањето на вистинското, природно издание без никаков коректор. Таа на своите следбенички им сугерираше за кремата со која се негува и ја штити својата кожа.

„Во зрели години зачекорете женствени во иднината“, пишува Ирена во описот задоволна од она што го гледа во огледалото, од негата и благодетите кои ги нуди денешната козметика.

фото:Инстаграм принтскрин/Ирена Спировска

To top