Атрактивниот 30 годишен турски актер Серкан Чајоглу имавме прилика да го гледаме во серијата „Љубовта на мојот живот“ со актерката Ханде Догандемир.
Сега пак, го гледаме во хит романтичната комедија „Сезона на црешите“ каде е во главна улога со актерката Озге Гурел.
Она што е интересно дека љубовта од приказната снимена во 2014 година се пренесе и во реалноста.
Озге и Серкан се заедно веќе неколку години, а својата љубов не ја кријат од јавноста.
Обожавателите пак, дополнително ги засакаа со тоа што имаа можност да ги видат како двојка на ТВ екраните.