Поранешната македонска ТВ водителка која последниве години живее надвор од Македонија, поточно во САД и годинава како и пред две години имаша повеќе од добра причина со огромна радост да влезе во Новата Година. Имено и во 2022-та новогодишните празници беа посебни за неа како и пред две години, кога Марија Главчева и нејзиниот избраник Ивица Попоски беа за прв пат во исчекување на нивната најголема животна радост.
Тогаш, само неколку дена по највеселата и најлуда ноќ, атрактивната гевгеличанка на свет го донесе своето прво чедо, првата рожба и тоа прво – па машко, синчето Мартин.
Две години подоцна, историјата или поточно животниот циклус како пресликан се повторува… Речиси во ист ден Марија се породи по втор пат и на свет донесе уште едно здраво машко чедо, кое овој пат го доби името Адриан.
„Адриан сине, добре ни дојде во нашите животи. Мама, тато и братчето Мартин се најсреќни и благословени“ – кусо сподели некогашната водителка на својота Фејсбук страница, по што следуваше ерупција од воодушевувањам честитки, благослови… од нејзините роднини, пријатели, познаници…, на што Марија и нејзиниот сопруг Ивица на сите што им ја честитаа приновата во семејството, најискрено им се заблагодарија.
Како и не би, кога можеше ли поубаво, порадосно и посреќно, Новата 2023-та за нив да започне? Нека е среќна и годината и приновата!
Фото: Фејсбук принтскрин/Marija Glavcheva