Вдовицата на Шабан Шаулиќ, по ненадејната смрт на нејзиниот сопруг, живее целосно затскриено, обидувајќи се да посвети што повеќе време на семејството, децата и внуците, но еден додворувач на Гоца Шаулиќ, кој оддамна не ја крие својата љубов, сега предизвика голем интерес, па емотивниот живот на оваа дама повторно е во фокусот на јавноста.
Иако нејзиното срце му припаѓа на нејзиниот сакан Шабан, многу мажи изразуваат интерес за Гоца и би сакале да бидат во нејзино друштво за да и поделат комплимент и шармираат со убав збор. Според некои српски медиуми медиуми, Гордана наводно е предмет на интерес на инспектор кој со години го познава семејството Шаулиќ.
„Кога беше жив Шабан, Гоца му беше само тивок копнеж, а сега, кога помина извесно време од неговата смрт, анонимниот инспектор се обидува да ја шармира и заведе вдовицата на Шабан Шаулиќ.
„И Гоца и Шабан беа многу добри со тој инспектор. Прва Гоца се радуваше што излегуваше со него секогаш кога ќе ги повика нејзе и Шабан, и двајцата го ценеа како пријател“ – вели добро информиран извор за српски „Скандал“ и додава:
„Сите што бевме во тоа друштво знаевме дека е слаб на Гоца, но и самиот беше свесен дека Шабан е единствениот за неа. Меѓутоа, сега кога за жал се случи тоа што се случи, тој е решен да ја придобие, дури и фантазира дека ќе ја запроси“ – ја продолжува приказната за желбите на инспекторот анонимниот извор.
Дали емотивниот живот на Гоца Шаулиќ ќе има сосема неочекуван епилог и дали оваа романса навистина има сериозен потенцијал да се обистини, ќе покаже времето пред нас.
Фото: Инстаграм принтскрин/gordana__saulic