Радио Милева непријатна ситуација...

Ќерката на Шабан, доживеала непријатност: Илда Шаулиќ малтретирана додека пеела во кафеана (ФОТО)

Ќерката на Шабан, доживеала непријатност: Илда Шаулиќ малтретирана додека пеела во кафеана (ФОТО)

Илда Шаулиќ запејала пред публиката во едно белградско кафуле, но однесувањето на еден гостин и ја уништило вечерта, пишуваат локалните медиуми.

-„Илда е госпоѓа, никогаш не би си дозволила да ја помине границата со публиката. Таа е во интеракција со публиката, но има граница, а гостите не можат да се однесуваат како што сакаат само затоа што даваат пари. Илда не сака такви сцени, таа пее затоа што сака, а не за да преживее од тие пари“ – вели извор близок до пејачката.

„Ситуацијата беше многу непријатна, на крајот човекот кој цела вечер ја малтретираше беше исфрлен од ресторанот од страна на обезбедувањето. Покојниот Шабан не бил воодушевен кога Илда решила да тргне по неговите стапки, бидејќи знаел дека не е лесно да се биде пејачка и дека на жена како неа и нема место во кафеана. Постојано се плашеше што ќе ѝ се случи“ – вели изворот и додава дека најбурно реагирал сопругот на Илда, Бојан. Тој ја чувал ќерката дома!

„Беше многу потресен. Никогаш не ја остава сама, но таа вечер се грижеше за својата ќерка Ема. По овој инцидент решил да го ангажира нејзиното обезбедување“ – изворот открива дека Бојан е подготвен на сѐ за да ја заштити сопругата.

Фото:принтскрин/инстаграм/ildasaulic

To top