Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, денеска оствари средба со кандидатот за градоначалник од движењето „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП, Арбен Бени Шакир, кој отпадна во првиот круг на локалните избори.
-Скопски муабети, напиша Арсовска на Фејсбук.
Инаку, Шакири, неодамна при гостување во дневникот на ТВ Сител објасни, односно ја демантираше изјавата на Петре Шилегов дека тие се пријатели и кажа дека всусшност Шилегов нема да ги добие неговите гласови во вториот круг.
-Актуелниот градоначалник Петре Шилегов веќе три и пол години е пасивен и сега прави офанзивна во последните месец дена. Од првиот ден треба да се засукаат ракавите, не постои проект на кој му требаат 10 и повеќе години. За помалите проекти не постои нешто што не може да се заврши од пола до една година. Јас сум само познаник со него, ние не сме пријатели и секако нема да ги добие моите гласови во вториот круг, појаснува Шаќири за неговиот однос со сегашниот градоначалник, во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.
Шакири исто така, по првиот круг од локалните избори, истакна дека нема коментар за изјава на премиерот Зоран Заев во која го нарече негов другар и оти е убеден дека нема да гласа за ВМРО-ДПМНЕ.