Новите рестриктивни Ковид мерки на Владата и Комисијата за заразни болести не само што се „ќорец во празно“ кој не дава никакви ефекти, зашто ем се небулозни, нехумани, селективни, понижувачки… ем тотално задоцнети. Или што би рекол народот: „После свадба, џабе тапани“.
Луѓето не само што се соочуваат со стотици глупави парадокси и прашања на кои никој нема одговор, туку понекогаш доаѓа до непријатни, а понекокогаш и до комични ситуации.
Коки Јанков, македонскиот музичар, естраден уметник, некогашен член на мегапопуларното дуо „Дуле и Коки“, сега член и основач на бендот „Тајфата“, деновиве се соочи или поточно се најде токму во една таква комична ситуација, која всушност не е нималку таква, зашто е само мал показател, одраз на апсурдот кој ни го наметнаа и во кој сме приморани да живееме.
Имено, музичарот бил гладен, арно ама кога сакал да седне во кафеана да руча – го вратиле! Коки не бил вакциниран, а нема ниту прележано Ковид -19, па по ниту еден основ по новите правила и протоколи нема право да седне во ниту еден локал!
Видел не видел, виолинистот замолил да му спакуваат нешто од менито за да го понесе со себе, ама да се враќа дома за да јаде очигледно немал време, па видел- не видел, сакал-нејќел, Коки морал да се снаоѓа. И тоа на првата клупа во паркот откаршија, која му послужила као трпеза за неговиот оброк.
За да биде парадоксот уште поголем, како и иронијата на судбината, Коки целиот свој живот, целата кариера ја мина во кафеана, свирејќи и со својот покоен другар и компањон Дуле и сега со „Тајфата“, но и со многу други колеги – естрадни уметници во разни локали ширум Македонија, а и самиот беше газда и држеше неколку скопски кафеани… за сега во кафеана да не може ни да припириса!
„Коските ги остави“ во кафеана, а сега во неа не може ни да руча, па кутриот својата „вакцинална гастрономија“ ја опиша сликовито, разочарано споделувајќи фотографија на социјалните мрежи како обедува на клупа, покрај која напишал:
„После 30 години во кафеана, на клупа пред Драмски…Па јас ли сум виновен што немам прележано, немам ни антитела… Те, така“ – напишал Коки опишувајќи го својот пример како дел од парадоксот на денешното наше живеење, наметнат од неразумното и неспособно владеење на Заев, Филипче, Караџовски… и целата „килава“ влада!
Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/kokijankov