Радио Милева убавица со нозе „уз врат“

Запознате ја македонската убавица со најдолги нозе: Гевгеличанката Ана Брзанова е крунисана за „Miss Earth Macedonia“ за 2021 (ФОТО)

Запознате ја македонската убавица со најдолги нозе: Гевгеличанката Ана Брзанова е крунисана за „Miss Earth Macedonia“ за 2021 (ФОТО)

На Македонија никогаш не и недостасувала убавина. Убавите девојки отсекогаш биле одличје на ова поднебје, па затоа неретко освојуваат и  мноштво титули на разни меѓународни и светски натпревари за убавина. Од некогашната меѓу најубавите светски мисици во 70-ите Лидија Велковска, преку Ана Царулевска, Светлана Црнокрак или Вера Мештеровиќ подоцна, како и плејадата други девојки кои со својата убавина на Македонија и носеле титули за мис, па се до последниве како Кристина Димитриевска или Билјана Јаневска, на пример.

Гевгеличанката Ана Брзанова е само „уште една во низата“ убавици кои ја продолжуваат традицијата, дома да се враќаат со лента, дијадема и титула. Ана  со манекенство и моделинг се занимава четири години, време за кое учествувала на неколку интернационални натпревари во избор за мис, кои за неа преставувале огромно искуство во желбата за освојување на светските модни писти.

Младата убавица која важи за најдолгоногата мисица кај нас деновиве исто така ја претставуваше Македонија на уште еден избор – „Miss Earth Balkan“ што се одржа во Босна и Херцеговина.

Брзанова која има 21 година гордо ја понесени титулата „Кралица на убавината од Македонија“. Но ова не и е прва титула на нашата кралица меѓу убавиците со нозе „уз врат“.  Таа беше избрана за „Топ модел Македонија“ уште во 2019 година, „Мис Глоуб Србија“ следната 2020 година, како и „Мис на Евроазија“, во Србија 2021 година.

Долгоногата гевгеличанка ќе ја претставува македонија и на Меѓународниот избор кој ќе се одржи на Филипините. Меѓународен настан насловен „Miss Earth“ кој ќе се одржи во октомври годинава и ќе трае 30 дена, а целиот перформанс ќе го пренесува „Fox TV“.

„Чест е да ја претставуваш својата земја после 15 години пауза на таков светски избор на убавина на кој учество ќе земат девојки од 140 земји од светот. Јас сум крунисана да ја претставувам нашата држава таму на изборот за убавина како носител на титулата „Miss Earth  Macedonia“ во избор на „Miss Balkan“ – изјави неодамна за локалната GevgelijaNet нивната најубава сограѓанка.

И додека чекаме долгоногата гевгелиска убавица одново да биде крунисана за кралица на убавината и да не израдува со нова титула, погледнете дел од нејзините Инстаграм фотографии и уживајте во секој кадар од промената на младата носителка на дијадемата.

Фото: Инстаграм принтскрин/brzanovaa

 

To top