Фолкерката и ријалити учесничка Зорица Марковиќ има два сина Дејан и Илија, кои ретко се појавуваат во јавноста. Зорица неодамна објави заедничка фотографија со нејзините синови и покажа колку се блиски.
Дејан го добила верувале или не, кога имала само 15 години со еден хармоникаш од нејзиното село, со кој набргу по породувањето се развеле. Пејачката потоа го напушти родниот град за да продолжи со пејачката кариера. Ретко го гледала Дејан, иако денес тие имаат одлични релации и семејни врски. Пејачката синот Илија го добила во вториот брак, а девојките велат дека тој е опасно згодно момче и голем шмекер.