По 10 години врска, Марина Вишковиќ ја раскина врската со Марко Вуковиќ кој на јавноста е познат како „опасно момче“.
Српскиот портал курир.рс пишува дека Марина и Марко ја раскинале врската.
Марина ретко зборуваше за својот партнер, а во една прилика истакна дека Цеца е задолжена за нивното запознавање.
Многумина очекуваа дека Марина наскоро ќе заплива во брачните води, но сепак дошло до крај на нивната врска, пишуваат српските медиуми.
Пред неколку месеци Марина истакна дека ја одложувале свадбата бидејќи тоа не им било преоритет.
„Имаме планови, но одложуваме бидејќи не е важно. Не сум тип кој за тоа сонува. Мирко ми вели: „Ајде барем забава да направиме“.Ако се познаваме тоа ќе биде луда забава“ изјави Марина.
Вишковиќ се уште не сака се огласи за овие пишувања.