Радио Милева
споредба

60 години на Балканот и во Холивуд: Споредбата на Бјела и Бред Пит е хит на социјалните мрежи, а ја сподели и познатиот актер (фото)

60 години на Балканот и во Холивуд: Споредбата на Бјела и Бред Пит е хит на социјалните мрежи, а ја сподели и познатиот актер (фото)

Бред Пит неодамна го воодушеви светот со својот младешки изглед, а тоа послужи како инспирација за споредба со – Драган Бјелогрлиќ.

Пит со своето присуство придонесе за возбудливото финале на Вимблдон во кое Новак Ѓоковиќ беше поразен од Шпанецот Карлос Алкараз.

Холивудскиот убавец кој во декември ќе наполни 60 години, во оваа прилика изгледаше неверојатно младешки, а следеа и бројни комплименти.

Ова послужи и како инспирација за споредување на Пит и Драган Бјелогрлиќ, односно животот во Холивуд и на Балканот.

„60 години на Балканот и во Холивуд“, напиша тој во објавата на Твитер која брзо стана хит на социјалните мрежи.

Овој смешен мем толку многу се рашири што набрзо стигна и до Бјелогрлиќ, кој го сподели на својата приказна на Инстаграм.

„Гледам ова е хит“, напиша Бјела со фотографијата.

За потсетување, Бјелогрлиќ е познат како режисер на филмовите „Монтевидео, Господ те виде“,, „Монтевидео, се гледаме“, „Сенки над Балканот“, но и за улогите во серијата „Подобар живот“ и филмот „Семејно богатство“.

Неговиот последен успех беше „Тома“ за животот и делото на пејачот Тома Здравковиќ од 2021 година, за кого се снима и серија.

Фото: Принтскрин/Твитер

Останати вести од Радио Милева