Мегафон

25-то издание на „Таксират“ започнува со концерт на „Shortparis“ во МКЦ

25-то издание на „Таксират“ започнува со концерт на „Shortparis“ во МКЦ
Јубилејното, 25-то издание на Таксират Фестивал започнува со првиот соло-концерт во Скопје на ексцентричниот бенд SHORTPARIS!
На 17 јануари 2023, Младински Културен Центар ќе биде домаќин на една од „најдобрите live групи“, препознатлива по уникатни настапи. Shortparis предводени од харизматичниот фронтмен Николај Комјагин својата репутација ја градат на темен, електронски звук спојувајќи „ирационален спазматичен ритам“ со „пост-панк, експериментални и акустични песни“ за да формираат единствена музичка естетика. Тие со својата музика ги претставуваат нивните секојдневни животи, мелодија која го отсликува Санкт Петербург, градот од кој потекнуваат, во неговото минато како и во денешницата.
Промо-билетите се достапни на веб-страната на MkTickets: https://mktickets.mk/event/shortparis/ и во нивните продажни места.