Радио Милева
ново

Жешки кадри во кревет: Марија Груевска и свршеникот во разголено издание (фото)

Жешки кадри во кревет: Марија Груевска и свршеникот во разголено издание (фото)

Битолчанката Марија Груевска публиката ја памети по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Марија во секој круг од музичкото шоу имаше различни оригинални настапи, па имавме прилика да ја видиме во разни изданија и често добиваше коментари, па во една прилика Јелена Карлеуша ја нарече македонска Лејди Гага.

Марија стигна до самото финале, а по завршувањето на музичкото шоу, македонската пејачка работи на нејзини нови песни.

Имено, таа на својот „Инстаграм“  ја најави новата песна „Горим сва“, а жешките кадрови од снимањето на спотот направија хаос на социјалните мрежи.

Груевска жешките сцени во креветот ги снимаше со нејзиниот свршеник Синиша Стојановски кој воедно и беше најголема поддршка на Марија додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, а во финалето се појави и на сцена и беше дел од еден перформанс на Марија.

-Таа е моја душа, воопшто не е тешко да се биде нејзино момче. Задоволство ми е да ја следам секаде и мислам дека ги исполнувам сите нејзини критериуми, изјави Синиша во една прилика.

Марија и Синиша позираат разголени во кревет, а по објавата следеа коментари од нејзините следбеници кои едвај чекаат да видат што подготвува младата битолчанка.

„Конечно, едвај чекаме“, „Секогаш си посебна“, „Феноменално“, се само некои од коментарите кои може да се прочитаат.

Инаку, Синиша неодамна ја запроси Марија, а таа му кажа „да“ на својот партнер.

Што подготвува Груевска останува да видиме.

 

фото: инстаграм/марија груевска

Останати вести од Радио Милева