Радио Милева

Жена со големо срце: Марина Туцаковиќ откри дека Јелена Карлеуша прашувала за нејзино лекување во Кина

Жена со големо срце: Марина Туцаковиќ откри дека Јелена Карлеуша прашувала за нејзино лекување во Кина
фото: Принтскрин/инстаграм

Српскиот текстописец Марина Туцаковиќ на почетокот на претходната година дозна дека боледува од рак на дојка и веднаш беше оперирана на Институтот на онкологија и радиологија во Белград,

Како што вели Марина Туцаковиќ, нејзината пријателка Јелена Карлеуша многу тешко поднела тоа што Марина има рак бидејќи и нејзината мајка неодамна почина од рак на белите дробови.

„Кога Јелена дозна дека имам рак веднаш ми се јави и ми кажа дека ќе се распраша за лечење во Кина, a потоа и на Куба. Ме советуваше да дознам се што можам за лекувањето и да и се јавам што и да ми треба. Многу беше заинтеренсирана за мојот случај, а имаше болно искуство со нејзината мајка која боледуваше од рак на белите дробови“ вели Марина.

ФОТО:ИНСАТГРАМ/МАРИНАТУЦАКОВИЌ

Кога е во прашање аферата на Карлеуша и Огњен Врањеш, Туцаковиќ кратко прокоментира:

„Јас ништо не ја прашував за тоа, ниту ќе ја прашувам. Тоа не ме интеренсира, тоа е нејзина работа“ вели Туцаковиќ.

фото принтскрин/јутуб

Марина откри како течат терапиите.

„Прво бев оперирана, а потоа ми дадоа некоја хормонска терапија бидејќи резултатите ми беа лоши. Потоа, два пати одев во Германија да примам имуновакцина. Сега ми ја променија терапијата бидејќи резултатите ми се подобри. Многу добро поднесувам и ќе видиме како ќе биде бидејќи лековите се пијат и по неколку години. „Сега се чувствувам многу добро,но се уште не можам да функционирам како што треба. Сакав да одам на погребот на Шабан Шаулиќ и Дивна Карлеуша, но едноставно не бев способна за тоа. Дали потполно ќе оздравам – се е во рацете на Бог“ вели Туцаковиќ.

За потсетување, Марина има напишано голем број хитови за Цеца, Лепа Брена, Драгана Мирковиќ и важи за најдобар текстописец во регионот.

Останати вести од Радио Милева