Радио Милева
Имала среќа

„Зарем ангелот на тато да остане извалид?“: Горан Бреговиќ во солзи поради несреќата на ќерката Ема

„Зарем ангелот на тато да остане извалид?“: Горан Бреговиќ во солзи поради несреќата на ќерката Ема

Ќерката на Горан Бреговиќ е познато име во светот на уметноста.

Кога решила да се занимава со сликарство и скулптура за ќерката на Горан Бреговиќ, Ема Бреговиќ, немала поим колку таа работа е исцрпувачка, напорна и на крајот, опасна. Дека мора постојано да отвора четири очи, сфатила кога еднаш доживеала драматична несреќа која, бидејќи била без надзор на стручно лице, можела да заврши фатално.

Имено, ќерката на Горан Бреговиќ поради работа на новиот дел се нашла на струг кој наеднаш и го повлекол ракавот кон машината. Еден момент на невнимание ја доведе во безизлезна ситуација, а треба само да се заблагодари на среќата што во тој момент не остана без рака. Тој, за неа, отрезнувачки момент го опиша со зборовите:

-Додека студирав на Факултетот за ликовни уметности имав многу драматична несреќа, стругот ми го повлече ракавот. За малку ќе ја изгубев раката. Денес не работам сама, опкружена сум со професионални луѓе. Имам уште многу да научам, а стругот засега го гледам оддалеку – изјавила Ема.

Музичарот и неговата сопруга Џенан Судџук се среќни што нивната сакана се откажала од работните места кои би можеле да ја доведат во опасност, а во исто време се пресреќни поради нејзиниот успех во странство.

фото:Лука Шарац/ Бошко Карановиќ

Останати вести од Радио Милева