Радио Милева
заробена во стан...

Заради сомнение од Корона вирусот затворена во карантин: Драматична исповед на српската манекенка од Кина (ФОТО)

Заради сомнение од Корона вирусот затворена во карантин: Драматична исповед на српската манекенка од Кина (ФОТО)

Српската манекенка Анѓела Михајловиќ (25), која живее и работи во Кина повеќе од една и пол година, е ставена во карантин заради сомнение од Корона вирус. Како што открива за српски Телеграф, на враќање од Сеул, Јужна Кореја, таа од кинескиот аеродром била однесена во стан кој станал нејзин личен карантин.

Како што вели, ако немала контакти во Кина – момче и пријатели – карантинските услови ќе биле многу построги и полоши. Таа ќе завршела во хотел, со многу други непознати луѓе.

„Поминав седум часа на аеродромот, три од нив во студен авион. Чекавме за да видат каде живеевме и зошто сме дојдени тука. Иако живеам со моето момче, бев одведена во мојот стан со специјално возило заради негова безбедност. Следниот ден, добив писмена потврда дека всушност сум ставена во карантин, во која беа напишани моите права и обврски“ – раскажува Ангела како започнала нејзината голгота.

„Телесната температура ја мерам и пријавувам два пати на ден, во седум наутро и седум навечер. Кога летав имав температура од 38,4, но во последните неколку дена имам само околу 37. Храната ми ја донесоа моето момче и сопственикот на станот.

Кога обезбедувањето ќе даде знак, излегувам со маска и ракавици надвор за да ја земам оставената храна. Засега не можам да видам никого. Можеби подоцна ќе можам да го видам моето момче, барем на десет минути во присуство на другите. Ми рекоа дека доколку го прекршам законот, ако излезам, може да ме депортираат во провинцијата Шандунг. Сепак, сè уште е нејасно дали сум  или не сум заразена од Корона вирусот“ – раскажува манекенката.

„Побарав тест за вирусот, но невозможно е да се добие. Тие извлекуваат заклучоци само врз база на моите дневни извештаи, проверките на температурата и како се чувствувам секојдневно. Па засега само можам да чекам и да видам како ќе се развие ситуацијата“ – објасни каква е состојбата и какви се ризиците.

„Не е пријатно да не видите  никого, да се отвори вратата и само да се земе храната од подот. Најлошо е психичкото чувство. Се вратив само заради момчето во Кина,  работа сега иоанака нема. Жално е што ќе морам да го поминам и роденденот во карантин“ – вели манекенката Анѓела Михајловиќ.

Останати вести од Радио Милева