Радио Милева
ново патување

„За арно нека е “: Димитар Атанасовски објави фотографија без Сара Мејс, а синчето го замоли да не се разболува (фото)

„За арно нека е “: Димитар Атанасовски објави фотографија без Сара Мејс, а синчето го замоли да не се разболува (фото)

Познатиот брачен пар, харфистката Сара Мејс и македонскиот водител и маркетинг менаџер  Димитар Атанасовски неодамна му го прославија првиот роденден на нивниот син Кирил.

Бебето кое ги направи среќни и горди откако потпорасна тие решија да го запишаат  во градинка, а мама Сара тогаш ја видовме расплакана и полна со емоции, но сега тие одлучиле да го отпишаат од таму и да бараат чаре на друго место.

Имено, Димитар објави фотографија заедно со синчето и ја откри новата ситуација:

„Од денеска „мини ми“ почнува со своето ново патување во нова градинка.
Мајката ја нема на сликите од емотивни причини, ама иста среќа делиме.
Кирил, те молам не се разболувај толку многу, за да може да сработиме нешто у животов.
А за се’ останато, знам дека ќе си го направите со учителките и другарчињата – напиша тој.

Патем, Сара потенцираше дека немале никаков проблем со учителките, туку големата група од која се разболувал многу често.

Откако работата беше наредена како што треба и тие беа задоволни, заминаа на раат на тренинг.

А потоа и  наздравија за новата ситуација:

„Епа, ајде за арно за убаво нека ни е и на нас“  – напиша тој откако најдоа спас во нова помала група со која ќе се дружи нивното синче.

Со лесно!

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сара Маче/Димитар Атанасовски

Останати вести од Радио Милева