Радио Милева
вистинска проценка

За Антониа Гиговска евровизиската победничка беше „една и единствена“: „Сепак квалитет, вокал и песна, а не циркуз“ (ВИДЕО)

За Антониа Гиговска евровизиската победничка беше „една и единствена“:  „Сепак квалитет, вокал и песна, а не циркуз“ (ВИДЕО)

Во саботата се случи големото финале на годинешното 67-мото издание на Евровизија, во Ливерпул – Велика Британија.

Македонија овој пат не учествуваше на музичкиот натпревар, но тоа секако не беше пречка да се чувствува возбудата и кај нас.

А, откако се претставија  26-те земји кои влегоа во финалето на Евровизија, првото место и припадна на Шведска, благодарение на Лорин која ја изведе песната „Тетоважа“.

Младата македонска пејачка  Антониа Гиговска иако периодов поради блажената состојба  не е активна со својата музичка кариера, таа на социјалната мрежа Инстаграм го произнесе нејзиното мислење за победничката песна.

Антониа воодушевена од изведбата и моќниот глас на Лорен ја репостираше видео објавата од официјалниот Инстаграм профил на победничката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOREEN (@loreenofficial)

Па, така меѓу нејзините кратки приказни се најде видеото од победничката песна на швеѓанката Лорин, која според неа песната „Тетоважа“ заслужено го  освоила трофејот  бидејќи го освоила и нејзиното срце.

„Сепак квалитет, вокал и песна, не циркуз“ – напиша таа воодушевена од нејзините музички квалитети.

„Победничката е една и единствена“ – на англиски јазик стоеше подолу на објавата потенцирајќи дека за неа е вистинска кралица оставајќи стикер со круна.

А дека тоа е така зборува и фактот што Лорен со оваа победа влезе во историјата на Евровизија со тоа што стана првата жена која по втор пат победи и со тоа се доближи до Ирецот Џони Логан, кој успеа да го направи тоа дури 3 пати.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Бета Ап

Останати вести од Радио Милева